Пандемијата беше повод Европската комисија да го организира најголемиот хакатон #EUvsVirus чија цел е да се помогне во борбата против корана вирусот.
-УКЛО и официјално е избран за партнер на #EUvsVirus Hackathon и како голем поддржувач на #EUvsVirus Hackathon ги повикува и охрабрува сите поединци и/или тимови од УКЛО да се вклучат со идеи за актуелни решенија особено затоа што може да учествуваат и лица без особени компјутерски вештини, информира проф. д-р Игор Неделковски, проректор за наука на универзитетот “Св. Климент Охридски“ и додава
-Главната цел на хакатонот е да се усогласат и да се поврзат иноватори, партнери и купувачи ширум Европа, и да се обединат во решавањето на проблемите со кризата. Хакатонот ќе се одржи од 24 април до 26 април 2020 година. Предвиден е развој на прототипови и на решенија во шест полиња поделени во 37 предизвици: здравје и живот, континуитет на работа, социјална и политичка кохезија, работа и образование на далечина, дигатилни финансии итн.
УКЛО на својата официјална веб страница www.uklo.edu.mk ги постави сите активни линкови за заинтересирани учесници на #EUvsVirus Hackathon.






