Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека работното време на пазарите во Битола е од 06:00 до 18:00 часот секој работен ден од понеделник до петок.
Во Сабота работното време е од 06:00 часот до 14:00 часот.
Исто така кризниот штаб на Општина Битола на денешниот состанок донесе одлука за отварање на сите влезови во пазарот.
Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите што ќе се појават.






