Еурофарм Пелистер денес потпиша тригодишен договор со Марио Танковски, 21 година, и ги најави плановите на клубот за силен лигаш кој ќе се бори за титулата во домашното првенство и ќе се претств и во силно светло во меѓународните лиги.
Стружанецот Танковски доаѓа во Еурофарм Пелистер од екипата на Металург, од каде добрите настапи заработи повик од Данило Брестовац и настапи за репрезентацијата на Македонија на Европското првенство.
Тој е првото официјално засилување на Еурофарм Пелистер и Жељко Бабиќ, а се очекува во наредниот период клубот да доведе уште неколку засилувања.






