Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со донација на “Премиум пиво“ и Александар Талевски се осветли новото зелено катче на “Партизанска“

Пред некое време пишувавме за уредувањето на еден простор на “Партизанска“ кој беше како велат мештаните буниште каде се паркираа камионите да продаваат лубеници и зеленчук, од страна на ЈП “Комуналец“, кое сега стана омилено место за жителите од овој дел на Битола, под болницата.

Деновиве ова зелено катче доби и осветлување, кое е донација од компанијија “Премиум пиво“ попозната како “Скопско“ и Александат Талевски. Талевски за мотивот за донацијата и самата донација вели:

-Прво сакам да кажам дека не направивме кознае што, но јас и мојата фирма бевме пријатно изненадени, бидејќи едно запоставено место кое беше буниште “Комуналец“ го претвори во маалско паркче во кое секојдневно уживаат мештаните. Но, за да не дојде до уништување, бидејќи кое сме “склони“ кон тоа, а и да може да се користи и во ноќните часови, од страна на жителите во околните згради, се понудивме да донираме осветлување. Донацијата се состои од четири канделабри по бетонската патека и нивно поврзување на уличното осветлување, а упати и апел до битолчани:-Пак ќе се повторам не е целта ние да се пофалиме, туку да поттикнеме и други да помагаат да донираат онаму каде има потреба, да не бидеме “кабадаи“ каде не треба. Да си ги направиме маалата поубави, да се собираат маалските жители, да има каде да играат децата, внуците, да го вратиме маалскиот живот, а со тоа и Битола ќе биде поубава.