Press "Enter" to skip to content

Четворица возеле автомобил во полициски час, еден за кавга го прекршил полицискиот час, за сите побарана казна по 2.000 евра

Четворица од обвинетите на 25 април 2020 година, не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило низ градот за време додека во сила бил полицискиот час.

Петтиот обвинет имал вербална расправија со лице кое живее на друга адреса во градот, па со намера да продолжи со расправијата отишол до домот на другиот битолчанец, каде бил затекнат од полициските службеници.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.