Press "Enter" to skip to content

Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“: во Стрежевското езеро 80 милиони литри вода, доволно за водоснабдување, РЕК “Битола“ и наводнување

Битолските земјоделци ова лето нема да имаат проблем со наводнувањето на земјоделските површини. Состојбата на акумулацијата Стрежево е поволна и има доволна количина на вода за правилно, доволно и навремено залевање на земјоделските култури, изјави Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“.

Иако станува збор за неповолна хидролошка година, Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола со задоволство ги известува граѓаните дека во моментот располага со околу 80 милиони метри кубни вода и сме целосно подготвени за новата сезона за наводнување.-Моменталните количини на вода кои се акумулирани се гаранција за доволни количини на вода со кои решивме еден проблем од круцијално значење за земјоделците.

Земјоделците можат безгрижно да ги планираат земјоделските активности и ги имаат сите предуслови за стабилно, високо и квалитетно производство. Исто така ги имаме неопходните количини на вода за непрекинато, квантитативно покривање на потребите за водоснабдување на општината Битола, РЕК “Битола“ и локалните индустриски капацитети, вели Граматковски и упати апел:

-Апелираме до земјоделците за рационално и домаќинско користење на водите, а со тоа и земјоделското производство да биде поквалитетно и економски исплатливо.