Press "Enter" to skip to content

Уште четворица битолчани обвинети за непочитување на полицискиот час

 

За време на полицискиот час тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител на Основниот суд Битола му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.