По заминувањето на тројца интернационалци екипита на Еурофарм Пелистер веќе ги пополнува местата со нови ракометни интернационаци, докажани во своите ракометни средини.
Прв кој ги засили Еурофарм Пелистер е Јосип Периќ кој потпиша договор на две години и во иднина ќе ја организира играта на битолчани. Поради неможноста да допатува во Битола поради мерките за ковид-19, 27-годишниот Босанец од својата земја упати видео порака до своите нови симпатизери во Македонија, во која вели:
-Ги поздравувам сите навивачи и пријатели на Еурофарм Пелистер од Битола. Со задоволство ве информирам дека од денес и јас сум дел од вас. Се надевам дека ќе оствариме многу успеси и заеднички ќе прославиме многу титули. Дотогаш, се гледаме во Битола, порача Периќ.
Претходно потпиша и Марио Танковски за Еурофарм Пелистер, а третото засилување би требало да биде кадетскиот и младински репрезентативец на Хрватска, Матео Мараш, кој ќе игра на десната бековска позиција.
Мараш има одлични физички предиспозиции, 20 години, 202 сантиметри и 101 килограми, и во Битола ќе треба да дојде од екипата на Балиќ Метличиќ од Сплит. Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје, а паралелно игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во Првата лига.






