Еурофарм Пелистер со соопштение ја информира спортската јавност и верните навивачи дека на нивно големо задоволство ја продолжи соработката со четири ракометари кои настапуваа оваа сезона за клубот.
Се работи за досегашни играчи Милорад Куковски, Милан Џукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар.
-Очекуваме дека нивното ракометно знаење, професионалност и искуство ќе бидат од огромно значење за нашата екипа во борба за шампионската екипа во наредната сезона, се вели во соопштението.






