Press "Enter" to skip to content

“Спортисти против Корона“ донираа во Клиничката болница (видео+фото)

Претставници на акцијата на македонските спортисти насловена “Спортисти против корона“ денес беа во Битола, каде на раководството на Клиничката болница име беше предадена донација која се состои од заштитни маски, ракавици и визири.
 
Во акцијата на македонските спортисти беа вклучени голем број на актуелни и поранешни македонски спортисти, но и спортски клубови и спортски работници, се приклучија кон иницијативата кои донираа средства.  За донацијата која ја предадоа во Битола, зборуваше битолчанецот Никола Митревски.
-Голема благодарност на сите кои донираа и се одзваа на оваа голема акција, во која донации дадоа сегашни апортисти, спортски клубови, како и поранешни спортисти кои самоиницијатвно се пријавија да донираат, а меѓу нив и голем број на битолчани. Ова е донација за здравтствените работници кои деноноќно работат за да решат оваа здравствена криза и со овој вирус, кој на крај упати благодарност до сите кои донираа.
Ракометарот Горан Кузманоски беше иницијатот на оваа акција, а информира дека првата донација ја порадија на Клиниката за детски болести во Скопје, а ќе следуваат донации во здравствени центри и социјално загрозени семејства.
More from БитолаMore posts in Битола »