Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти од кои двајца се од Битола.
Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.
Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 од кои еден е од Битола.
Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.






