Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Кире Груевски -Чарлин, “мајсторот“ меѓу тренерите, за фудбал можам да муабетам часови (фотогалерија)

Жанета Ристевска

-Најголемо богатство за мене пријателствата кои ги стекнав низ мојата тренерска кариеара, вели Чарлино, кој го препознаваат насекаде на терените каде се игра фудбал, дали во Битола или на фудбалските терени низ околните места.“Некогаш и денес“ рубрика која пробуди голем интерес. Сеќавања на  личности кои одбележале еден период, личности од различни области и професии кои твореле во последните декади на минатиот век. Би сакала нивното дело, искуства и мудри мисли да се инспирација и поттик за денешните генерации. Низ нивните сеќавања, спомени фотографии… доловуваме некои добри стари времиња, но да не го забораваме мотото “сега и овде“ односно да живееме во сегашноста и  сите предизвици на новото време, а да ја градиме иднината  врз нивните искуства и вистински вредности.Овде само ќе кажеме “кога во битолскиот фудбал ќе се спомене  “Мајсторот“, тогаш сите знаат дека се однесува на Груевски Кире-Чарлин, долгогодишен фудбалски тренер. Груевски во историјата ќе остане запаметен како прв тренер на ФК Пелистер, во првото македонско првенство, со неговата прва победа против Рудар од Пробиштип и првиот стрелец во самостојна Македонија, Бруно Пресилски. Како тренер, со на хартија послаби екипи кои ги тренерал, ги земал и “скалповите“ на Победа, Работнички, Пелистер, Шкендија, Слога (Шкупи), Напредок, Караорман.Бил на клупата на Пелистер и на прекинатиот “натпревар“ меѓу Пелистер и Вардар кога се спасувала жива глава и вистинска среќа било што никој не загинал. Дел од луѓето го познаваат и како дел од Битолската пивара, каде го поминал и целиот работен 38 годишен век.

Тренерска кариера почетоците во ФК Пелагонија РЕК и Новаци…

-Започнав како тренер во далечната  1976 година, на ФК Пелагонија,, а наредната година станувам   прв тренер на новормираниот Рек Битола каде останувам  10 години. Со Рек Битола за четири години од општинска се пласираме  во првата македонска лига.  Екипата на РЕК Битола шест години се натпреварува во тогаш најдобрата македонска лига. Во 1987 година преминувам  во Новаци и со таа екипа два се натпреваруваме во најдобрата македонска лига.Тренер на ФК Пелистер…

-Во сезоната 91/92 станувамм прв тренер на ФК  Пелистер, а мој помошник  штипјанецот Христовски. Со заеднички сили ФК Пелистер влегува во првата ЈУ лига.Низ долгогодишната кариера  пријателствата најголемо богатство

-Пријателствата кои ги стекнав во сите овие години се најголемото богатство кое го заработив од фудбалот. Ќе ги наведам  Томче Трајановски, Гоце Попев, Миодраг Мицковиќ, Бамбало, Иван, Тони и многу други, со кои пријателството останало долги години и со кои „фудбалски“ муабети може да се прават и по неколку часови без да се смени темата.Тренер на сите познати битолски фудбалери…

-Како долгогодишен тренер низ мои раце поминаа скоро сите фудбалери од Битола и битолско. Се разбира на некои пократко период, а на други подолго. Овде ќе наведам некои имиња со тоа ако некои заборавам да ги споменам, да не ми навредат бидејќи тоа ќе биде ненамерно.Фудбалски имиња како  Ванчо и Тони Мицевски, Ставревски, Штерјовски, Милошевски, Димитровски, Пачовски, Лазаревски, Веселиновски, Јовановски, се само дел од низата кои научиле нешто од Мајсторот.Дерби натпревар ФК Пелистер и ФК Вардар

-Бев  на клупата на ФК Пелистер и за време на  на прекинатиот “натпревар“ меѓу Пелистер и Вардар кога се спасуваше жива глава. Овде само ќе кажам  дека  вистинска среќа е што никој не загина.За семејство…

-Горд сум на моите  два сина, Не тргнаа по моите фудбалски патишта, но ќе кажам дека воопшто не ги ни насочував во водите на фудбалот, можеби само ги оставив самите да го одберат својот пат.  Можам да кажам само дека ги воспитував во духот на вистински вредности, да бидат добри луѓе. Но се надевам дека барем некој од внуците ќе ме наследат на фудбалскиот терен, дали како фудбалери или тренери. Спортуваат фудбал, но, ќе видиме здрави, живи да сме. Тоа најповеќе го посакуваме на овие години.Кире Груевски – Чарлино, иако вели дека може со часови да зборува за фудбалот, кога станува збор да каже некој некој збор за себе и неговите успеси како тренер, не зборува многу. Но, за среќа кога станува збор за неговите успеси остануваат запишаните зборови по весниците, кои тој ги чува со внимание, а тука се и безвремените фотографии, црно-бели, а потоа и колор.-Немаше тогаш вакви архиви на телефон, на компјутер, да можи во секое време да се види слика, напис. Тогаш беше време кога ние се запишувавме на хартија, во тетратка, тактика, состави, распоред на играчите. Но, еве мојата хартиена архива е голема, а ви приложувам само мал дел од она што е пред дваесетина и повеќе години напишано за мене, за клубовите во кои сум работел, фудбалот во тоа време.

На тој начин скромно, на едноставен начин ја  раскажа приказната за својата кариера “мајсторот“ на фудбалските терени. Сигурна сум не требаат повеќе зборови освен дека само споменување на името Чарлин, се  поврзува со фудбалот во Битола и неговиот придонес во насочување на млади фудбалери како тренер.Поради мерките и препораките за заштита од коронавирус не бевме во можност да разговараме со часови за фудбалот со Чарлино во неговиот двор, каде сега како ни рече го поминува дел од времето во изолација, но неговиот син Валентин и вниците му помогнаа да ја прочешла архивата и да ни ги пратат фотографиите.

More from БитолаMore posts in Битола »