Press "Enter" to skip to content

Ќе се прошируваат дејностите на ФОД за подобри резултати во кризни услови

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изјави дека АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола.ФОД и дава услуги на РЕК Битола и на РЕК Осломеј, но со цел да се обезбеди повеќе работа за фабриката, на денешниот состанок на генералниот директор Ковачевски со раководството на фабриката се разгледуваа можности фирмата да преземе и други работни обврски во рамките на двата комбината, како и во другите подружници на АД ЕСМ, со цел да ги зголеми остварените приходи, со што ќе придонесе кон намалување на вкупните трошоците на ниво на цело АД ЕСМ и остварување подобри резултати.

Исто така, на работната средба се разгледуваа и проекти за различни инвестициски зафати за проширување на капацитетите на ФОД, како и воведување современи практики за намалување на трошоците на производство и за заштеда на енергија.

More from ВестиMore posts in Вести »