Press "Enter" to skip to content

Виртуелна тркалезна маса организира Правниот факултет заедно со универзитетот “Реџо Калабрија“

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Mediterranea Меѓународниот центар за истражување на човековите права при Универзитетот “Реџо Калабрија“, Италија, одржа виртуелна тркалезна маса на тема: “Човековите права во време на коронавирусот: Криминално однесување, владеење на правото и демократија“.

На тркалезната маса свои воведни обраќања имаа деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, вон. проф. д-р Горан Илиќ, како и директорот на Институтот од Италија, вон. проф. д-р Анџело Виљаниси Фераро.Свои излагања во однос на потребата од заштита на човековите права во време на рестриктивни мерки во државите имаа проф. д-р Артур Адамчик од Универзитетот во Варшава, Полска; вон. проф. д-р Бенјамин Фландер од Универзитетот во Марибор, Словенија; д-р Наташа Куглесан од Универзитетот во Клуж-Напока, Романија; доц. д-р Александар Маршавелски од Универзитетот во Загреб, Хрватска; доц. д-р Иван Илиќ од Универзитетот во Ниш, Србија; д-р Петар Јорданоски од Советот на Европа; доц. д-р Енис Омеровиќ од Универзитетот во Зеница, Босна и Херцеговина; како и вон. проф. д-р Ангелина Станојоска од Правниот факултет при УКЛО – Битола, која кратко се осврна на промената на обемот и структурата на криминалното однесување во периодот на коронавирусот и рестриктивните мерки.На тркалезната маса учествуваа над 120 учесници од повеќе земји во светот, Европа и регионот, како и професори и студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »