Деновиве со поставување на рефлектори на спортските терени на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ заврши комплетната реконтрукција на терените на мал фудбал и ракомет, кошарка и одбојка.
Комплетната реконтрукција опфаќаше “гребење“ на статиот оштетен асфалт, асфалтирање, нова канализација за атмосферската вода, обележување на терените, поставување на урбана опрема околу терените, нови огради и на крај осветлување.
На поставувањето на рефлекторите најповеќе се израдуваа учениците и жителите кои живеат околу училиштето, бидејќи како ни рекоа додека се поставуваа рефлекторите, ќе можат да играат баскет и мал фудбал и во вечерните часови, посебно во летниот период, кога и е најпријатно.

Фото вест: рефлектори на спортските терени на ОУ “Св. Кирил и Методиј“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вангел Алтипармаковски нов тренер на Кожув
- Flowers Symphony 2 се враќа во Скопје со нова програма и ново изненадување
- СВР Битола: дедо пријавил внука за заминување од дома, се степале соученички во средно, физички напад, битолчанец возел со забрана за возење
- Прва седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





