Press "Enter" to skip to content

Викендов полицискиот час почнува од 19 часот

Денеска и утре граѓаните ќе може да се движат во периодот од 5 до 19 часот.

Оваа одлука беше донесена вчера на владина седница, со што после неколку седмици олеснет е полицискиот час за време на викендите.

Според владината одлука, младите лица под 18 години ќе може да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе може да се движат од 5 до 12 часот.

Во сила остануваат сите други владини мерки донесени за заштита од Ковид-19.

More from ВестиMore posts in Вести »