Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен татко кој го обљубил малолетното дете и пад од моторцикл со тешки повреди

На 05.05.2020 во 10.30 часот во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека на 07.04.2020 нејзиниот сопруг на возраст од 61 година од Холандија, со привремен престој во Битола извршил обљуба врз нивното малолетно дете. По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.05.2020 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил донесен повреден 66 годишник од Битола, кој додека управувал моторцикл „баотјан-50“ со битолски регситарски ознаки на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. Од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »