Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: државна изложба на детски ликовни цртежи за народната култура (фото)

 

Повеќе од 40 години во Битола, во месец мај, во организација на Домот на културата, сега Центар за култура се одржува една, по мене, а се надевам дека и други го делат моето мислење, значајна културна манифестација, Државната изложба на детски ликовни творби на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство и хроничар за Битола.-Кога детската фантазија ќе заплива низ креативниот вруток на инспирацијата, поттикната од бескрајните бисерни низи на народната култура кои се китени со векови од безброј знаени и незнаени неимари, се создава нов уметнички свет во кој живеат прегрнати минатото и иднината, ќе напише Валентин Соклевски кој е одговорен за оваа манифетација, на еден каталог кој го имам во мојата архива, се потсетува Миновски.-Соклевски заедно со Љупка Паевиќ која е долги години во центарот за култура, со Панде Петровски (ги видов на фотографиите, а сигурни има уште многумина), и сите оние кои биле на чело на Центарот ја негуваат оваа манифестација, велат дека тоа е искрата која ја поведува новата генерација, млади творци на инспиративна прошетка низ културнотото наследство, народните везови, носиите, накитот, занаетите, градбите, обичаите, ората, песните, како и останатите безбројни материјални и духовни вредности повторно предизвикаа нови уметнички блесоци, вели Миновски.

На оваа манифестација учествуваат по педесетина училишта од државата, а стручната жири комисијата доделува награди за најуспешни ликовни творби на изложбата.

More from БитолаMore posts in Битола »