Токму на денешен ден, 10 мај 1989 година, пред 31 година, Димитар Илиевски – Мурато успеа да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверес (8.848 м.), како член на тогашната југословенска алпинистичка експедиција “Еверест ’89“, но за жал, Димитар Илиевски не успеа да го преживее спуштањето од врвот и засекогаш остана таму.

Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се искачи на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје на врвот Димев врв и пред “Копанки“. Посмртно ја доби наградата „Медал за заслуги за Македонија“.
Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес, бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба, често пати прaтејки патека во снегот и пред шерпасите.

Секоја година по повод денот на загинување на Мурато планинрскиот клуб Пелистер го организира традиционалниот планинарски марш, но оваа година за прв се прекина оваа традиција поради вонредната состојба во државата.

Инаку, покрај маршот се организираа изложби, промоции, предавања… поврзани со Димитар Иливски-Мурато.






