Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 без Трајковски и Димитровски наредната сезона

Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер 2 не се повеќе во клубот, тоа се Васко Димитровски и Игор Трајковски.

Искусниот Игор Трајковски, 31 година, по заминувањето од Еурофарм Работник 2, веќе си најде нов клуб и се договори со суперлигашот РК Радовиш, да настапува на позицијата кружен напаѓач. Трајковски во редовите на Пелистер пристигна на почетокот од оваа сезона, откако претходно една година играше за Струга, каде се пресели по неговото заминување од Еурофарм Работник. 

Со крајот на овогодишната ракометна Суперлига, без анганжман, е и Васко Димитровски, кој во последните неколку сезони беше и капитен на битолскиот клуб. Диитровски се уште не се одлучил каде ќе ја продолжи ракометната кариера, а како вели на маса има неколку понуди вофаза на преговори. 37-годишниот Димитровски речиси цела своја кариера ја мина во Пелистер од 2003 година, а по една сезона има играно за Вардар, Прилеп и унгарски Егер.

More from СпортMore posts in Спорт »