Press "Enter" to skip to content

Музичар нападнат од комшијата со нож за време на “он-лајн“ концерт

На 10.05.2020, П.П. од Битола пријави дека на улица „Свети Наум“ во Битола, поради недоразбирања околу гласна музика, бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, е запишано во билтенот на СВР Битола.

По немиоит настан музичарот со изјава на “фејс бук“ во која вели:

-Ви Благодарам на сите што синоќа го пратевте нашиот “Fb Live“ концерт посветен на малиот Лука. Се одјавивме порано и без најава, бидејќи бев нападнат од сосед од соседна зграда со нож и имам телесна повредa на раката. Му благодарам на Бог што поминав со толку. Ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму за малиот Лука. Поздрав и секое добро. Со Почит Пеце и другарите.

More from ВестиMore posts in Вести »