Press "Enter" to skip to content

Хрватот Кушан во Еурофарм Пелистер, од Шпанската лига во Битола

Плановите на Еурофарм Пелистер за силна екипа која ќе игра на домашен и меѓународен план полека се оствауваат. Пред реализација е и четвртото засилување, а тоа ќе биде на пивотменската позиција, хрватскиот интернационалец, Томислав Кушан.

Кушан ќе биде замена за Шевелев кој замина од тимот, а ќе го комплетира триото кружни напаѓачи, заедно со Граџан и Никола Маркоски. 

Томислав Кушан има 26 години, висок е 200 сантиметри, тежок 110 килограми, кадетски и младински репрезентативец на Хрватска, а настапувал за Пореч, Медвешчак и Логроњес.

Кушан е вториот Хрват, покрај Матео Мараш, во ростерот на Жељко Бабиќ, а досега  Еурофарм Пелистер донесе среден бек од Германија Периќ, “пикер“ од Шпанија, а од Македонија е Танковски.

More from СпортMore posts in Спорт »