Press "Enter" to skip to content

Фото вест: некои вчера, некои денес, започнуваат да работат кафулината по шалтерски систем

По најавите за олабавување на рестриктивните мерки и започнување на првата фаза на отворањето на угостителските објекти, сопствениците на кафулината во Битола, посебно на Широк Сокак започнаа со подготовките за работа. Некои веќе вчера ги отворија локалите, а некои најавија дека денес ќе го направат тоа.

Како ни рекоа оваа седмица, до недела, ќе работат само преку шалтерски систем, односно, како и најавуваат по системот “земи-носи“, а од понеделник најверојатно, со примање на гости во локалите. 

Инаку во втората фаза која би била транзициска и ќе вклучи отворање на угостителските објекти, но под строги мерки и протоколи кои нема да го доведат во ризик здравјето на граѓаните и третата фаза би била компелтно враќање на целиот процес на нормално живеење, односно начин на живеење кое ќе одговара на новата реалност и која ќе предвидува мерки на лична заштита, како маски и дезинфекција и физчко растојание.

More from ВестиMore posts in Вести »