Стручни соработници од психолошко -педагошките служби во основните училишта во Битола и дел од подрачните училишта активни се преку секцијата која одржува состаноци во текот на учебната година. Заради мерките на заштита секцијата одржа состанок “он-лајн“, на кој членовите споделија искуства за изминатиот период на он лајн настава и далечинско учење.
Претседателот на секцијата, Жанета Ристевска, психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ истакна:
-Со воведувањето на вонредната состојба кога се затворија училиштата,наставата мораше да се реализира во вонредни услови поради вирусот COVID 19, трае веќе три месеци во периодот март/април/мај, а ќе трае до крајот на учебната 2019/20 година. Наставата се реализира непречено “online“, односно учење на далечина. Сите ние како членови на педагошко-психолошките служба се најдовме пред голем предизвик на реализирање и исполнување на нашите задачи во нови услови. Во ваков специфичен период на кризна состојба кога учениците останаа дома нашата улога беше психолошка подршка на учениците, потоа соработка со родителите и поврзување со училиштет, комуникација со наставниците и давање насоки за спроведување на он лајн наставата. Всушност со еден збор кажано ние бевме индиректно вклучени во наставниот процес и координација ученик, наставник, родител и училиште. Следејќи ги насоките на МОН во текот на овој период ние комунициравме меѓусебно во споделување на искуства за координирање и организирање на активностите при спроведување на он лајн наставата, бидејќи со ваква ситуација се соочивме за прв пат. Во очекување на уписите на нашите драги првачиња кои ќе седнат во училишните клупи од септември, сите сме возбуедени за периодот во јуни кои ни претсои. Очекуваме насоки од МОН за тоа како конкретно ќе се одвиваат усписите во зависност со мерките на претпазливост. Договорен е состанок на секцијата повторно он лајн конкретно за оваа тема, нашите согледувања од состанокот повторно ќе ги споделиме и известиме родителите на идните првачиња, како најзаинтересирани овој период..
На “он-лајн“ состанокот се поведе дискусија на која учесниците изнесоа излагања за реализацијата на наставата, соработката со родителите, наставниците, посета на часови преку “ZOOM“ платформата со цел да се поздрават учениците, да им се дадат насоки и поддршка при реализацијата на учење на далечина, да се истакне значајноста на редовност и сериозност во наставата. Во рамките на професионалната ориентација која се реализира со ученици од деветто одделение, и се релизира преку ZOOM платформата, да им се дадат насоки и поддршка при реализацијата на учење на далечина, да се истакне значајноста на редовност и сериозност во наставата. Подршката на родителите на учениците со посебни потреби и нивно успешно вклучување во наставата на далечина.
Објавуваме дел од излагањата на учесниците ни ги испратија:
Билјана Поповска, ОУ „Тодор Ангелевски“
-Нашата улога во текот на овој соработка со наставниците и со директорката за започнување на наставата преку ZOOM платформата, соработка со наставници и со родители за ученици што имаа проблеми при вклучувањето, следење на наставни часови кои се одржуваат на далечина,проверка на педагошката документација учество на одделенски и наставнички совети помош на деветтоодделенците при професионалната ориентација и др.
Д-р Аница Златевска, Светлана Глигоровска, ОУ “Коле Канински“
-Наставата се одвива преку ZOOM апликацијата. Изработен е распоред на часови во две смени и врз основа на распоредот се изведува и наставата. Секој наставник си води е- досие за секој ученик. Педагот и психологот ги следат online часови и за проблемите со кои се соочуваат наставниците водат телефонски разговори со родителите. Преку ZOOM одржани се Одделенските совети и Наставничкиот совет.Наставата се одвива според наставниот план и програм .Се води евиденција за одржаните часови во е – дневникот. Нашето училиште за учениците кои од технички проблеми на можеа да се вклучуваат на е- настава им подели лаптопчина на користење.
Наташа Ставревска, ОУ „Браќа Миладиновци“ Добрушево
-Улогата и местото на стручниот работник во училиштата особено во овој период кога се реализира учење на далечина е навистина од големо значење. Во овие моменти неопходна е поддршката која несебично им ја даваме на нашите наставници, родители и ученици. Иако не сме дирекно вклучени во наставниот процес, индиректно сме постојано присутни меѓу нив како мост кој помага да се одржува комуникацијата во тој семоќен триаголник наставник-ученик-родител. Веднаш после реализацијата на одделенските совети кога се направи анализа на постигнатиот успех на крајот од трето тримесечије од учебната 2019/20 година, се реализира и советување со родители чии деца имаат слаб успех, односно имаат 3 и повеќе слаби оцени. Тоа го направивме со помош на користење на една од горенаведените електронски алатки. Но контактот со родителите не застанува само со советување, туку нашата соработка продолжува и со останатите родители чии деца повремено или пак воопшто не се вклучуваат во online наставата. Од нив ја бараме контролата врз децата и активно комуницирање со нас стручните соработници и наставници. Во соработка со директорот на училиштето направена е посета на часови преку ZOOM платформата со цел да ги поздравиме учениците, да им дадеме насоки и поддршка при реализацијата на учење на далечина, да повикаме на редовност и сериозност во наставата. Очекуваме целиот овој воспитно-образоване процес да заврши со успех и без појава на одредени потешкотии, како кај учениците, така и кај вработените.
Кети Секуловска, ОУ “Св. Климент Охридски“
Согласно работните задачи и програмата за работа на стручниот соработник, покрај поддршката што ја даваме, мотивацијата и одржувањето на будност кај субјектите во воспитно – образованиот процес, ние сме дел од работните состаноци и тоа: наставнички совет, одделенски совет, стручни активи, соработка со вработените во училиштето – директор, административно технички персонал, Државен просветен инспекторат, Биро за развој на образованието, како и Дом за народно здравје.
Тамара Станчевска, Пецо Ројковски, ОУ “Славко Лумбарковски“ -Новаци
-Поради вонредни услови предизвикани од корона вирусот, наставниците од одделенска и предметната настава изведуваат on-line настава (далечинско учење, односно учење од дома). Наставата се реализира преку видео конференции на платформата “Zoom“. Исто така, наставниците добиваат повратни информации од учениците во вид на слики од домашна работа ,слики од изработки, слики од изработени работни листови, видео снимки (испратени преку messenger, viber, mail ) усни одговори за време на “on – line“ часовите. Како стручни соработници во нашето училиште, помагаме во адаптирањето на учениците за овој вид на учење и следење на наставата, преку телефонски повици со учениците , индивидуални средби преку видео комуникација, разговори со родители и морална поддршка и помош на учениците со посебни образовни потреби и онлајн работилници со учениците. од страна на стручната служба. Исто така непосредно се извршуваат и консултации со наставниот кадар околу следење на постигањата на учениците во учењето, нивната вклученост и одговорност кон онлајн наставата. Сепак, менталното здравје на учениците во оваа состојба е најбитно и треба да се даде помош и поддршка таму каде што е најпотребна.






