Во ОУ „Елпида Караманди“ се изведува комплетна реконструкција на санитарните јазли и целосно реновирање на тоалетите. Овој проблем беше еден од најгорливите за училиштето, во кое што настава посетуваат над 750 ученици.
Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, при увидот во градежните работи на тоалетите, кои се прават по 40 години, посочи дека општината за овој зафат издвои околу 2 милиони денари или над 31.500 евра.
Основна нејзина заложба како градоначалник и натаму останува да се овозможат високи хигиенски стандарди за секое дете во секоја образовна институција.
Директорката на училиштето Татјана Дамчевска истакна дека состојбата со тоалетите и санитарните јазли во училиштето била многу лоша, а во овој дел немало никва интервенција од изградбата на училиштето.






