Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Африм Јусуфи, ВК Пелистер-15 мај, полицискиот час ги намали тренинзите на младинците

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

Велосипедиските со последните препораки на Комисијата за здравство добија зелено светло за непречено изведување на тренинзите, а се уште немаат дозвола за натпреварувања на трите фронта, како ги нарекуваат трите дисциплини. Африм Јусуфи, тренер на велосипедистите на Пелистер-15 мај, за состојбата во клубот за време на корона вели:

-Кога се донесоа мерките за забрана на натпревари и забрана за движење ние бевме на самиот старт на новата сезона, иако во некои дисциплини немаше прекин. Вело кросот беше во завршната фаза, а не беа стартувани друмскиот велосипедизам и планинскиот. Клубот Пелистер 15 мај, имаше голем број на активности, а на последната седница на Управниот однор на федерацијата кој се одржа во Битола, некој ден пред донесување на мерките беше усвоен и календарот за натревари. Во тоа време и ние како клуб го донесовме планот на кој трки ќе учествуваме, а и на кои ќе бидеме организатори, но за жал поради коронавирус се пропадна. 

За тоа како велосипедистите ја одржуваа формата и како тренираа Јусуфи вели:

-Поради тоа што за тренинг нам не ни се потребни некои посебни услови и тренираме индивудуално немавме некои поголеми пречки за изведување на тренинзите. Сениорите и оние кои возат во категорија мастерс во машка и женка конкуренција имаа можност в времето кога нема забрана за движење да тренираат по сопствена програма, а некои тренираа и дома на валјаци. Поголем проблем околу тренинзите имавме со младинците кои за време на забраната за движење имаа право да се надвор од 13 до 15 часот, а во тоа време најголем број од нив имаа “он-лајн“ настава, односно имаа закажани часови. Но, некако се снајдовме, а како реков ние имаме индивидуални тренинзи, а кога сме во група и да сакаме не можеме да бидеме заедно, поради условите на патот по кој возиме-тренираме и поради постигнување на индивидуално најдобро време.

Сега кога мерките се олабавени за велосипедистите како понатаму:

-Да не се повторувам за тренинзите сега ќе ги интензивираме и ќе се подготвуваме за натпреварите. Вело кросот е прекинат и шампиони ќе бидат оние кои имаа најдбри резултати заклучно со последната трка која се одржа во Битола, во градскиот парк која ние ја организиравме. Друмскиот шампионат ќе започне на крајот на јуни или почетокот на јули, а тоа значи дека имаме време да поработиме на посакуваната форма до тогаш. Ние како клуб немаме пријавено натпреварувачи во планински велосипедизам. На оние меѓународни натпревари на кои одлучивме дека ќе одиме, пред се во соседните земји ќе настапиме, но ќе ги почекаме официјалните термини кои ќе ги одредат федерациите домаќини, вели Африм Јусуфи, тренер на велосипедистите на Пелистер-15 мај.

More from СпортMore posts in Спорт »