Press "Enter" to skip to content

Милан Мишковиќ “Хепар центар“: наместо тестови овој пат кампања за подигнување на свеста за тестирање

Хепар центар – Битола секоја година ја одбележува пролетната европска недела на тестирање за Вирусни Хепатитиси, ХИВ и СПИ, но оваа година поради пандемијата COVID-19 (предизвикана од САРС-КоВ-2) која длабоко го зафати светот и Европа направи комплетна промена во структурите на здравствените системи како и во секојдневниот живот на граѓаните

-Имајќи го предвид ова, пролетната европска недела на тестирање, планирана за 15-22 мај 2020 година, ќе продолжи со примарен фокус на активности што се поврзани со виртуелни кампањи за подигнување на свесноста околу тестирањето/скринингот на населението во Европа. Да се подигне свесноста за важноста на услугите во однос на #HIV, #Hepatiti и #STI. Да споделиме искуства за прилагодување на услугите во време на #COVID19. Да се сподели праксата од минатите година зошто е важно тестирање за ХИВ, Xепатитис и сексуално инфективни преносливи болести. Да се размислува за нови иновативни програми за тестирање во тешки ситуации (веќе најавени во Европа пилот програми за самотестирање), вели Милан Мишковиќ, и додава:

-Хепар Центар Битола ги охрабрува сите засегнати страни да разменуваат искуства од ХИВ, вирусени хепатитиси и сексуално преносливи заболувања компаративни со COVID-19 пролетната европска недела претстваува еден потсетник и предвесник за Европската заедница дека и останатите заболувања како што се ХИВ-от, вирусените хепатитиси и СПИ услугите за тестирање, грижа и поддршка се основни услуги и мора да продолжат да бидат поддржани, особено за време на криза.

More from ВестиMore posts in Вести »