Press "Enter" to skip to content

Верижен судир кај “кружниот“ кај Педагошка, битолчани поради застојот точно пред полицискиот час стигнаа дома

Верижен судир на три возила се случи на стотина метри, пред кружниот тек кај Педагошка, од страната на населбата “Довлеџик“ во кој учествуваа три возила со битолски регистарски таблици.

Според очевидците во судирот е направена само материјална штета, а нема повредени лица.

Сообраќајната полиција беше на самото место и го регулираше сообраќајот, а поради увидот се создаде колона од возила до излезот на Битола, кај бензинската пумпа “Лук Оил“, а дел беше и поради дезинфекцијата на возилата.

Увидот заврши околу петнаесетина минути пред полицискиот час, а битолчани кои се враќаа во Битола од излетничките места токму навреме се “прибраа“ дома, пред 19 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »