После сондирањето на мислењата на повеќе фактори и субјекти, вклучувајќи го и на граѓаните, Офицерскиот дом ќе биде мултифункционален културен комплекс, најави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
-После сите анализи кои што се направија, анкетата која што се водеше, имавме состанок и со стопанската комора, имавме анкетен прашалник онлајн, состанок со невладини организации, се сондираа сите мислења, горе долу приказната е затворена и се поклопува со она што и ние го имавме како концепт. Секогаш има по некои отклонувања, но на крајот менаџментот на градот треба да одлучи и да пресече што во суштина треба да биде Офицерскиот дом. Дефинитивно центар за култура, дефинитивно простор каде што граѓаните ќе ги следат културните настани, сето она што е како експонат и ние како битолчани не го знаеме како приказна треба да биде отворено со функционални поставки, тоа ќе биде мултуфункционален културен комплекс, рече Петровска.






