Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ по зголемување на температурите започна со наводнување на Пелагонија

Со зголемувањето на температурите во изминатата седмица и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците, ЈП “Стрежево“ започна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.Директорот, Менде Граматковски, посочи дека главниот канал и главните цевководи се подготвени за наводнување и додава:

-Акумулацијата “Стрежево“ во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона. Хидросистемот “Стрежево“ во моментот е со нормални количини вода, односно ќе се обезбеди доволно вода, за реализација на планот за наводнување за оваа година.

Пријавување за склучување на договори за испорачување на вода на заинтересираните земјоделци за предвидените земјоделските површини ќе започне од утре, 20 мај, 2020 година во наплатниот центар во рамките на управната зграда на “Стрежево“ и ќе трае до 1 јуни 2020 година  од 7 до 18 часот, секој работен ден.

More from ВестиMore posts in Вести »