Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Михајло Трампевски, сојуз на училишен спорт – со затворањето на училиштата завршија и натпреварувањата

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

Нешто повеќе од два месеци поради спречување на ширење на коронависру се затворени основните и средните училишта, а напоредно со тоа прекинаа и натпреаврите кои ги организираше Сојузот на училишен спорт. Професорот Михајло Трампевски од ОУ “Тодор Ангелевски“, претседател на Сојузот на училишен спорт за прекинот вели:-Стартот на натпреварувањата беше на 5 октомври започнавме, а започнаа да се одигруваат општинските натпревари во сите екипни спортови и основни и средни училишта во машки и женски конкуренција. Основците и средношколците се натпреваруваа во поединечни спортови пинг-понг. шах, атлетика. Овие натпревари заврпија на 5 февруари. Потоа се играа зонски турнири за регион запад, зона Битола, кој ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Д.Хисар и Крушево, а победниците се пласирааа за Регионални турнири и тоа заврши на 10 март, токму во време која и се прекина наставата. Што не се доигра Трампевски вели:

-Паралелно се одиграа и општински натпревари во екипни спортови за 6-7 одделение кои требаше да продолжат на зонски турнири, но се прекина на 13 март. До настапувањето на Ковид-19 вирусот се се одвиваше во најдобар ред, со голем број на пласирани екипи од нашиот град на Регионалните турнири, за тоа како понатаму Трампевски вели:-Нема некои информации од Сојузот на училишен спорт и тешко е дека ќе се продолжат натпреварие, бидејќи до сега требаше да бидат завршени сите натпреварувања. Ние како училишен спорт ќе ги имавме доделени и наградите, по сумирањето на сите резултати на сите училишта, на најдобрите во генерален пласман. Имаме одиграно општински натпревари и се надевам дека во некоја прилика ќе ги прогласиме најдобрите ученици-спортисти.

More from СпортMore posts in Спорт »