На вонредна седница на Управата, во интерес на студентите извршена е измена на Студентскиот календар https://uklo.edu.mk/academic_events/index . На овој начин се овозможува реализација на јунската и септемврсиската испитна сесија во продолжени рокови. Воедно, студентите на УКЛО со една пријава можат да полагаат во два термини.
Исто така, во пролонгираните рокови предвидени се и колоквиумски недели од: 1.06 – 20.06.2020 и од 17.08 – 22.08.2020. Според проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски, на овој начин се пополнува празнината со „изгубената“ сесија и УКЛО им излегува во пресрет на барањата на студентите.
Студентскиот календар е објавен на веб страницата на Универзитетот: uklo.edu.mk и на веб страниците од единиците на УКЛО. Студентите со новите поволности за реализација на двете испитни сесии се запознаваат и преку универзитетското радио УКЛО ФМ и УСС.
По усвојување на новиот Студенски календар УКЛО започна со подготовки за реализација на јунската и септемвриската испитна сесија, соодветно на видоизменетите околности.






