Деновиве по неколку години подготовка на документација, објавување тендери започна со реконтрукција кугланата во спортската сала “Боро Чурлевски“, која е единствена кулгана не само во градот туку и во поширокиот регион.
Со реконтрукција на кугланата ќе се подобрат сите услови за тренинг и натпревари, а по една сезона играње во Скопје машката и женската екипа ќе се вратат во Битола, да играат на домашен терен.
Пред неколку дена започна првата фаза од реконструкцијата која вкупно ќе чини 14 милиони денари, а средствата за целосната реконструкција ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт, а по завршувањето на сите тендерски постапки, работниците влегоа во кугланата и ги започнаа неопходните зафати.
Кугларите се презадоволни со започнатите работи, а како велат по десетина години, играње и тренорање во никакви услови, кои не задоволуваат никакви стандарди, ќе имаат можност да бидат во модерен спорстки објект, а не како досега, во објект кој се одржуваше во живот во импровозирани поправки на застерените делови за кои нема резерва никаде.






