Попладнево на улицата “Македонска Фаланга“ или поранешна “Иво Лола Рибар“ се случи верижна сообраќајма незгода во која учествуваа три возила, патничко моторно возило “форд“ со охридски регистарски таблички и патничко моторно возило “пежо“ и комбе “волксваген“ со битолски регистарски таблички.
Првото возило “фордот“ беше застанато на новите хоризонтални препреки “лежечки сообраќајци“.
Според очевидците нема повредени лица, а направена е само метеријална штета, повеќе кај “пежото“ и “волксвагенот“.
Додека траеше увидот на сообраќајната полиција, на улицата беше затворена една сообраќајна летна, а сообраќајците го регулираа движењето на сообраќајот.






