Командирот на ТППЕ од Битола Костадин Поповски, на денот на пожарникарите направи споредба на бројот на пожари кои се случиле на територијата на Општина Битола од 1 јануари во однос на истиот период од ланската година, како и за пожарите на отворено.
-Од почетокот на годината до 20-ти мај ТППЕ од Битола интервенирала 240 пати. Споредбено со минатата година со овај период од годината бројот на пожари е доста намален. Интересно е тоа што мината година во месец март беа актуелни пожарите на отворен простор, во овај момент тие пожари се минорни, а битолската територијална противпожарна едицина е една од ретките која располага со специјализирани возила за шумски пожари, а упати и апел до оние кои се движат и престојуваат на отворен терен во врска во шумските пожари:
-Палењето на оган на отворен простор е кривично дело.Минималната казна затвор е три години. Јас апелирам како што досега ги немавме пожарите на отворен простор, а тоа е благодарение на намаленото движење низ полето, јас се надевам дека и оваа година ќе продолжиме по тој терк, свеста и советста ќе се зголемат, а и последните две три години покажа дека го немаме тој интензитет на пожари како што тоа беше порано.






