Ако претходните денови попладнето од 17 до 19 часот за битолчани беше резервирано за излегување од дома и прошетка во околните места, денес поради полицискиот час кој започна во 11 часот и ќе трае до вторник во 5 часот, сатницата беше поместена за рано наутро.
Стотици битолчани денес, недела уште во 8 часот беа излезени на рекреација, прошетка, тренинг. Шеталиштето, паркот, Тумбекафе, патеката до Смолево, околу Смолево, по Каналот беа “окупирани“.
Меѓу битолчани на Тумбекафе го најдовме и Џоџа, кошаркарски работник, кој ни рече дека доаѓа тука редовно, а поради полицискиот час е тука рано.
-Веднаш по дежурството на работното место во Клиничката болница од 12 часа, сум на Тумбеакафе. Мора да го направиме редвниот тренинг, потоа некаде едно кафе. Сега е 8 часот, а во 11 да бидеме дома, вели Џоџа.
Фитнес зоните беа преполни, а се чекаше ред за вежбање, а на во фитнес-зоната на “БиМилк“ на Тумбекафе на вратило беше Бојан, кој паузата меѓу две серии ја користеше практично, собирајќи го расфлено околу корпите за отпадоци.
-Лесно е да се фрли тука ѓубрето, но некој треба да го собере и да го фрли накаде на друго место, но тое е тоа. Не знам кога беше подобро кога тука бевме дваесетина луѓе или сега. Убаво е да има битолчани тука, но мора да се чува и природата која сега сите ја побаравме, ни рече Бојан, велосипедист и атлетичар.
На врвот на Тумбекафе кон Смолево, многу поедници, но и поголеми друштва, а најповеќе не израдува една група помади тинејџери кои пред 8,30 часот беа на само стотина метри до Смолево.
Тами околу мастирот, многу луѓе, кои го пиеја своето кафе, а некои веќе се враќаа назад, а како ни рекоа до дома излегне од 6 часот, на де брзаат, туку полека да ја направат дневната рекреативна шема.
Маргарита Христова, Сефеjдин со синот, Трајче од “Вавилон“, Цане Боксеро, Горан и Михајло од Еурофарм Пелистер, Триста, Нине, Ѓоко од “Екстра под“ со семејството, Димитар, Михајло… се само дел од битолчани кои денес се рекреираа и тренираа рано-рано, а упатуваа покана сите да дојдат во природа, а Тумбекафе и патеката до Смолево, е нешто за што сонуваат сите во Европа, а вака полна со битолчани постетува на Словенија и Швајцарија.
Текск и фото: Сашо Ристевски






