Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: матурантите во 2010 играа матурски танц – квадрил (фото)

Битолските матуранти оваа година поради коронавирус и мерките и забраните на Владаа нема да ја имаат матурската прослава, а поради сето ова што ни се случува ќе ги нема ниту оние собирања, домашни прослави и се она со себе ги носи една матурска еуфорија, започна со своите сеќавања за Битола, пред 1о години, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство, кој се присетува за мај во 2010 година.-Битолските матуранти, во мај, 2010 година, дадоа придонес во големата манифестација која се одржуваше во неколку македонски градови и во неколку држави во Европа, во истовремен танц. На битолското шеталиште требаше да се игра квадрилот, но поради дождот, тој се одигра во холот на спортската сала, тогаш, “Младост“, вели Миновски.

Матурантите го играа Штраусовиот танц “Квадрил“ од операта “Лилјакот“, се сеќава, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство и додава:-Но ако тогаш, оваа манифестација беше привилегија за тогашните битолски матуранти, што може да ви се случи еднаш во животот, токму заради нивната младост, сега оние кои се на фотографиите, а ќе се препознаат, не можат оваа година по 10 години од матурирањето да се видат, да си прикажат како ги поминаа овие 10 години. Но да им посакам, да не се откажуваатм туку дружбата по 10 години од матурирањето да не ја откажуваа, туку да се видат кога ќе бида тоа дозволено, бидејќи и овие средби како и матурските се паметат.

More from БитолаMore posts in Битола »