Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.
Боречките вештини како спортоци кои има непосреден контакт се први на листата на спортовите кои се шири корона вирусот, а најверојатно ќе бидат меѓу последните спортови кои ќе добијат зелено светло за продолжување од надлежните. Претседателот на аикидо федерацијата и џудо и аикидо клубовите Пелистер. Ѓуро Илиќ, за состојбата во време на корона вели:
-Со прогласување на винредната состојба кај нас на почетокот на март сите клубови кои се членки на Федерацијата прекинаа со работа. Со цел да се одржи каков-таков континуитет, препораката беше до клубовите, самостојно да изнајдат начин, но, “он-лајн“ да одржуваат тренинзи (претежно основни кардио и специфични вежби) како и техники кои можат да се изведуваат дома или со некој партнер од семејството. Можам да кажам, според она што го гледам и од извештаите кои ги праќаат клубовите, дека тоа до денес солидно функционира.

Како функционира “он-лајн“ презентацијата на вежбите и техниките за полагање на појаси, Илиќ вели:
-Јас како претседател на федерацијата и носител на највисок појас 7 Дан, од почетокот секојдневно преку социјалните мрежи постирав техники за вежбање дома, најпрво преку фотографии во фази, а нешто подоцна и преку клипови “слоу моушн“, со цел полесно совладување на една техника. Секојдневно тие клипови ги следат (спрема гледаноста) голем борој на членови од цела држава и тоа обично се движи просечно околу 400-на дневна основа. Ова го реализираме се со цел да одржиме каква таква тензија кај членството и да поттикнеме подгововка на членството за сите престојни манифестации и натпревари кои во наредниот период ке мора да бидат одржани во еден краток интервал, се разбира со почитување на протоколите кои што треба допрва да се пропишат.

Како се одвиваат подготовките за продолжување на турнирите и натпреварите?
-Стручните комисии на Федерацијата во континуитет се одржуваат “он-лајн“. Во моментот се во завршна фаза Правилниците одржување на натпревари во реален аикидо и реален аикидо форми, согласно меѓународдните стандарди кои ги имаме добиено. Дан комисија при џудо федерацијата, каде што сум претседател, корона карантинот го искористи за усогласувањее правилник за полагање за појаси согласно Светските стадардни, вели Илиќ за подготовките.
-Во меѓувреме во овој вакуум период будо центарот од Битола, максимално ги дезинфицира своите простории во очекување на протоколите кои ќе значат и отпочнување со тренинзи бидејки се работи за контактни спортови. Плановите се да не застануваме согласно протоколите и максимално да им дадеме шанса, посебно на младинските категории кои се во подем и пред прекинот на натпреварите забележувавме видни резултати, како на домашен така и на меѓународен план.






