Битолчанецот, Филип Кузмановски, по само една сезона помината во тимот на Магдебург, се сели во друг клуб исто така од Бундес лигата, тимот на Хановер.
Денес на официјалната страна на ракометниот клуб Магдебург, клубот му се заблагодари на Кузмановски, за неговиот придонес за клубот во изминатата сезона.
Пред да заигра за Магдебург Филип Кузмановски помина одреден период во екипата на Еурофарм Работник. То е дете на Пелистер, а настапуваше и за Металург.






