Press "Enter" to skip to content

“Давор & Давор“ и Елена, свесни тинејџери кои со моќно видео испратија силна порака од град во карантин (фотогалерија)

Видеото со силна порака кое го снимија тинејџерите ученици по повод патронатот на гимназијата “Јосип Броз Тито“ наиде на голем интерес. “Давор & Давор“ се ученици во трета година и матурантката Елена која ги придружува со стихови, овие денови се новите ѕвезди битолчани на социјалните мрежи, кое видео пробуди голем интерес и има голем број прегледи. Моќното видео кое настана во време на вонредна состојба со секој акорд на песната за мртов град ја отсликува новата реалнсот со која се соочија тинејџерите, вклопени во видео со тројацата ученици.На еден поинаков начин тие и го честитаа петрониот празник на гимназијата “Јосип Броз Тито“ со промоција на видеото на 25 мај. За идејата и инспирацијата за да го снимат видео материјалот поразговаравме со Елена Здравковска, Давор Стефановски и Давор Георгиевски или сега препознатливи како дуо  “Давор & Давор“ ученици во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Сите заеднички ни кажаа дека идејата да се направи видеото ја поттикна, матурантката, Елена Здравковска која заминува од Горната Гимназија.

Давор Стефановски, ученик во трета година во гимназија “Јосип Броз Тито“

-Инспирација за видеото и песната во него  целата состојба која ја преживуваме сите, а посебно тинејџерите, учениците, младите. Можеби заради тоа има и малку депресивна нота. Преку акордите на нашите гитари ние на некој начин ја отворивме нашата душа. Но, ветуваме и оптимисти сме дека сега кога ќе завршат мерките дека ќе направиме и нови видеа кои ќе бидат поведри. Заедно со Давор Георгиевски уште со доаѓањето во гимназијата од прва година членови  на рок-бенд  со кој настапуваме на свирки за различни поводи кои се случуваа во училиштето, а особено секоја година за нашиот патронат. Со групата имавме настап и во магазата. Пред состојбата со корона пандемијата и вонредната состојба имавме многу идеи за настапи и дури дадовме и име на групата “Инферно“, планиравме рок концерт. Со воведување на вонредни мерки се се прекина. За време на изолацијата свиревме дома и на тој начин можеби и ни олеснуваше ситуацијата со тоа што бевме затворени по дома.Кога Елена ја предложи идејата ја прифативме со воодушевување, особено кога ни кажа и дека имаме подршка од директорката, стручната служба и нашите професори.  На почеток од како ја одбравме песната намерата беше да одат само фрагменти од неа, но потоа кога видовме дека е добро, ја ставивме да оди цела песна. Секој својот дел го сними посебно сам  дома и потоа јас го едитирав целото видео на компјутер со што се доби еден финален продукт.  Посебно бевме мотивирани дека со ова видео ќе придонесеме за прославата на нашиот патронат во нова реалност. Односно како што зборува и песната како може  еден град да стане мртов, но младите со својата креативност се живи. Со ова и ја пренесуваме нашата порака дека со креативност, талент и мотивација ние сме живи.  Низ спотот се отсликува нашата внатрешна  душевна состојба. Во иднина ветуваме нови видеа со ведрина и оптимизам, кои ќе одсликуваат подобри времиња за сите нас.

Давор Георгиевски, ученик во трета година во гимназија “Јосип Броз Тито“

-Уште од почетокот во гимназијата значи од прва годиан вклучен сум во бендот со свирки за разни поводи. Со рок групата имавме настап и во магазата.  Ова видео беше голем предизвик за нас бидејќи воопшто не беше лесна задача за нас. Снимањето на видеото бараше многу напор, во смисла што тоа го правевме само со голема љубов, ентузујазам, но без професионална опрема.Врз основа на матрицата која ја спуштивме оригинална од интернет, на неа ги наснимуваваме звукот од гитара и гласот. Заради ситуацијата секој својот дел го снимаше дома и потоа тие требаше да се едитираат заедно, а тоа го направи Давор Стефановски кој имаше претходно искуство со едитирање на други видеа.  Со неговата промоција и големата заинтересираност за него кога вашиот портал го постави на каналот, тоа ни даде дополнителан  мотивација да снимаме уште вакви видеа.  Многу сме среќни за интересот што го предизвика и големиот број прегледи.

Елена Здравковска, матурант при гимназија “Јосип Броз Тито“

-Јас како ученичка  на генерација матуранти во вонредна состојба и нови услови кога го немеше традиционалното подготвување на матурата со фотографирање и прослава. Но сите сме свесни дека заради мерки на претпазливост, тоа мораше да биде така. Исто така тука беше и прославата на нашиот патронат. Секоја година го прославуваме нашиот патронат со голема приредба, рецитал, рок свирки. Чест ми беше секоја година да  учествувам  во приредбите на патронатот било како водител или во други активсности. Оваа година во нови услови  моја желба беше да го одбележиме овој датум на пригоден, но  специфичен и интересен начин. Идејата им ја кажав на “Давор & Давор“ кои со рок групата учествуваа со свои настапи во нашата гимназија за различни настани. Тие ја прифатија со воодушевување.

Потоа за нашата идеја ја известивме нашата директорка која заедно со педагошката  стручна служба од училишето ни дадоа голема поддршка. Тука би им искажале голема благодарност за искажаната доверба, бидејќи ни дадоа слобода  сами да ја искажеме својата креативнсот. Во видеото  имам помала улога на водител со читање на воведен дел, дел во кои се промовираат успесите на нашата гимназија и  честитка со порака за патронатот. Сметам дека најголемиот придонес е живата свирка со многу емоции кои делуваат многу силно. Видеото беше објавено на ФБ на училиштето на 25 Мај нашиот патронат и наиде на многу голем интерес, а би сакала ова да биде поттик за многу други талентирани ученици од други училишта за уште вакви убави видеа.Со својата искреност, спонтаност, позитивна енергија и скромност ме воодушевија, а особено со својот талент. Сметам дека тие би требало да се нови модели на идентификација на нашите тинјџери. Светски, а наши битолчани.  Сигурна сум дека од “Давор & Давор“ и Елена не очекуаваат уште голем број изненадувања. Тие се новите идоли на денешницата кои со своите квалитети талент, трудољубивост, посветеност, креативна  енергија, младост тоа и го заслужуваат.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »