Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекинаа сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.
-Многу се разочарав бидејќи многу труд, многу пролиена пот, истрачани километри, многу вложена енергија беше вложено бадијала, бидејќи целиот спектакл и закажаната борба е одложена. Требаше да се борам за титулата “kinf of kings“, која беше закажана за 4 април во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола. Покрај мојата борба требаше да има и други борби, а противниците беа веќе селектирани, се првите зборови на нашиот, битолски шампион, Александар Димовски – Димса.
Александар Димовски за времето на корона кризата вели:
-Со воведување на мерките за спречување на ширење на коронавирус и забраните за работа на спортските клубови и забраните за движење замре и работата на мојот клуб “Енерџи“, а моите професионаони тренизни кои ги работев со висок степен на професионализам, продолжија, да речам со половичен интензивитет. Им дадов пррепораки на моите членови да ја одржуваат формата во домашни услови. И јас сам ги почитувам препораките и забраните и продолжив да тренирам дома со интензитет од 50 проценти. Дел од тренинзите ги изведував на отворено, со трчање и со висински подготовки на планина, на Пелистер. Тешко е да се тренира во вакви услови, посебно јас, кој во тој период бев во завршна фаза од подготовките за “kinf of kings“, но мора да се најдат сили да се продолжи со работа и да се одржува формата. Се надевам дека и децата кои се во клубот, а според она што ми го кажуваат, ја одржуваат формата.

“Енерџи“ до отворање на клубовите од страна на Комисијата за заразни болести нема да работи, а дали членовите ќе имаат прилика за работат со олеснувањата кои ги имаме деновиве, Димовски вели:
-Се уште немаме добиено официјални правила, односно како сега се вели протокол, како да работиме, сега и како во иднина кога ќе се отворат клубовите. Ние сме поединечен спорт, односно индивидуални настапи, но во борби, каде има непосреден контакт. Можеме организирано во мали групи да тренираме на отворено, во школски дворови, во парк, но без физички контакт. За некои правила кои се најавени не се сложувам, но кога ќе го добиеме официјалниот протокол за тренинг и борби ќе разговараме и на таа тема.
За кога и како ќе продолжи сезоната за боречки спортови и кога можеме да ја очекуваме титулата “kinf of kings“ во Битола, Александар Димовски – Димса ни рече:
-Тешко е сега во овој момент да се зборува за датуми и можни термини. Ние како репрезентација во која има и членови на Енерџи ќе имавме борби за медали на Балканското првенство кое требаше да се одржи во Скопје, кое е одложено. Борците кои се репрезентативци се подготвуваат за тоа првенство, а останатите за државните првенства. Мојата профи борба пртив Михаил Карамускетас е откажана, а се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите пошироко. Ние како организатори КБК Горила, Урим Саити и јас сме подготвени на првиот термин кој ќе го даде “kinf of kings“ да ја организираме борбата. До тогаш само тренинг и се надевам дека мојата желба титулата и големиот појас од “kinf of kings“ ќе се оствари и големиот појас ќе ги краси витрините на Енерџи.






