Press "Enter" to skip to content

Голманот Трајкоски уште една година во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер се договори за нов едногодишен договор со искусниот голман Благојче Трајкоски, со што и следната сезона ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер. 

Прилепчанецот е еден од ракометарите со најдолг стаж во битолскиот суперлигаш, а во Еурофарм Пелистер ќе биде заедно на голманската позиција со Градимир Чанески, а се очекува во клубот да дојде и нов голман по заминувањето на Никола Митревски. 

Инаку, Трајкоски има 33 години, искусен голман кој има брането и за македонската репрезентација на Светско првенство,  претходно бранеше и за Прилеп и Охрид.

Нови членови на Еурофарм Пелистер за сезоната 2020/21 се Мандалиниќ, Периќ, Танкоски и Мараш, а клубот го напуштија Митревски, Кузманоски, Чурлевски, Остроушко, Шевелев, Јотиќ и Петровски кој за заврши кариерата. 

More from ВестиMore posts in Вести »