Туристичката агенција ЈК “Травел“ денес ја заврши акцијата, во која додели летувања на четворица здравствени работници, кои беа директно вклучени во лекување на пациени од ковид-19, односно беа на првата здравствена линија.
Добитници на летувања се:
–Марјана Бурмузоска, клиника за анестезија и реанимација – Скопје
–Велимир Тричковски, инфективна клиника – Скопје
–Нада Видоевска, интерно одделение при Клиничка болница – Битола
–Радица Јорданова– медицинска сестра.
Битолчани и други граѓани од државата, за летувањата, кои секоја недела ЈК “Травел“ им ги подаруваше на здравствени работници испратија преку социјалните мрежи до туристичката агенцијаповеќе од 3.000 предлози од Битола и од сите градови од државата и најголем број здравстевни установи.
-Големата бројка на пријавени лекарски работници се должи на благодарноста од граѓаните до нив и за пожртвуваноста во работата за да се спасат човечки животи и да се спречи ширењето на коронавирус, па затоа имаме толку пријавени, а во некои предлози има цели тимови, цели одделенија, велат од ЈК “Травел“.
ЈК “Травел“ им честита на оние на кои им подари летувања, а добитниците ќе можат да ги искористат веднаш кога ќе се создадат услови за патување и летување.






