Според временската најаза за неколку денови, за Битола, на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни процеси ќе има во вторник.
Денес, недела 7 јуни, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ=7. Темпратурата во Битола до 25°С.
За утре, понеделник, прогнозата на времето е дека ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. УВ=7, а температурата во Битола, до 26°С.






