Празнувајќи ја Светата Педесетница – слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Стеван Здравески, Пенчо Пусоски, Љупчо Атанасов, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела“, во Битола.
-Ете, овој Свет Дух, браќа и сестри, ние Го повикуваме во нашите молитви, на вечерните и на утринските молитви и скоро на секоја Света богослужба, освен од Спасовден до Духовден, со зборовите на црковната песна: „Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на добрините и на живот Подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши“. Амин, рече Митрополитот Петар.

За Духовден – Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Недела“ – Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка
- Работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот регион
- “Денови на македонското пчеларство“ во Битола





