Според временската прогноза на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Денес, вторник, 9 јуни, во Битола, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Температурите во Битола до 23 °С.
За утре, среда, 10 јуни, прогнозата за Битола е: променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, со температури слични на денешните.
Денес имаме и предупредување на Управата за хидрометеоролошки работи: под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.






