Според информацијата на Министерство за здравство објавена на нивната “фејс-бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19. Скопје има и денес најповеќе 89, а во Ресен е забележан и првиот случај.
По градови бројот на нови случаи е: Скопје 89, Куманово 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Охрид 8, Гостивар 1, Струмица 2, Кичево 1 и Ресен 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во Скопје и Прилеп по 1, а во Велес 4.
Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.






