Изминатите денови се изврши рехабилитација на главниот и помошниот пристапен пат до акумулацијата “Стрежево“, која ја организираше ЈП “Стрежево“ од Битола. Патот го користат рекреативните риболовци од Битола, локалното население, спортисти и вработените од претпријатието. Дополнително, се отстрануваше ниската вегетација околу главниот пристапен пат и се кастреа гранки и друга дива вегетација со цел непречено движење на граѓаните и возилата и поголема видливост на патот.
-Продолжуваме да ги решаваме посочените проблеми од граѓаните, од доменот на нашето работење. Особен акцент во санацијата се стави на ударните дупки и калливи места кои се тешко проодни. Се работеше на санирање на критичните места каде е оштетена и однесена старата подлога, на делови од патот каде се собира вода и се потешкотија во нормалното движење на граѓаните од Битола и околните места. Овие активности се доказ за посветеноста на претпријатието за решавање на проблемите на граѓаните и за држење до дадениот збор од наша страна, потенцираше директорот Методија Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“ од Битола.

Санирани ударните дупки, калливите делови… сега непречено до Стрежевско езеро
More from ВестиMore posts in Вести »
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Денес е ден на Св. Георгиј кој ја убил ламјата, ден на обновувањето на природата и животот





