Според информациите на Министерството за здравство, на нивната официјална “фејс бук“ страница во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, а во Битола не е регистриран нов случај.
По градови новозаболени има во Скопје 85, Куманово 24, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 3, Тетово 18, Струга 5, Охрид 9, Гостивар 2, Гевгелија 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Валандово 1, Свети Николе 2, Ресен 2 и Неготино 1.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во Скопје 3, Прилеп 6, Струга 1, Велес 1 и Виница 1.
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19.






