Во Битола, денес, вторник, 16 јуни, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува променливо облачно, претпладне со локален дожд, а попладне можно е нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурата во Битола до 22°С.
За утре, среда, 17 јуни, прогнозата за времето е слична, а Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира променливо облачно со повремен дожд. Попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата во Битола до 23°С.






